Енис Барди: Секоја топка ќе ни биде важна

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Репрезентативецот Енис Барди вели дека во фудбалот не постојат фаворити. За нас е важно да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот.
„Сите знаеме колку ни е важна и колку тежок натпревар ќе ни биде. Најбитно за нас е да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот. Во денешниот фудбал фаворитите нѐ победуваа секогаш, можат и тие да имаат лош ден. Од друга страна, ние покажавме дека можеме да се надигруваме со сите. Мислам дека ќе одлучуваат детали, секоја секунда и секоја топка ни е важна. Мораме да се подготвиме и психолошки против Италија.“
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247