ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Енис Барди доби негативен тест и оди на ЕП!

Пристигна најубавата вест пред заминувањето на македонската репрезентација на Европското првенство, Енис Барди ќе може да им се приклучи на соиграчи од репрезентацијата, откако конечно доби негативен тест на коронавирусот.

Селекторот Игор Ангеловски преку Истаграм му посака добредојде назад на Барди.

Македонија одигра два контролни натпревари против Словенија (1:1) и Казахстан (4:0), па сега останува нашата репрезентација максимално да се подготви за историскиот настап на ЕП.

Европското првенство го отвараме против Австрија во недела (13. јуни) со почеток од 18:00 часот, потоа играме со Украина, по што следува дуелот со првиот фаворит во групата, селекцијата на Холандија.

ГРУПА Ц: ХОЛАНДИЈА ПРВ ФАВОРИТ, МАКЕДОНИЈА ОДИ ПО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!