ФудбалФутсал

Енхалон со убедлива победа над Овче Поле

Вчера се одигра одложениот натпревар меѓу Енхалон и Овче Поле од 5. коло од Втората футсал лига на Македонија, каде домаќините со 5:1 беа далеку подобри.

Енхалон одлично го отвори натпреварот и до 4. минута имаше водство од 2:0 со погодоците на Балоски Дарко и Цаноски Адем. Во 16. минута гостите преку Стојковиќ Никола намалија на 2:1.

Во вториот дел немаше големи промени, Енхалон продолжи со убедливата игра и доминацијата на теренот. Во 29. минута преку гол на Пластиновски Нико домаќинот имаше 3:1. Во 37. минута преку Шаќири Абил и минута подоцна со гол на Прќакоски Тони беа поставени конечните 5:1.

Утре Енхалон го игра големото дерби со Велешта, додека Овче Поле во недела ќе има тешко гостување во Тетово кај Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!