ФудбалФутсал

Енхалон ја урна Шкендија во Струга

Енхалон дојде до голема победа над лидерот Шкендија, откако на домашен терен во Струга славеше со 3:2 во натпревар од 9. коло од Втората футсал лига.

Резултатот беше отворен со два брзи гола во 5. минута. Мечкароски Стефан погоди за 1:0, а гостите од Тетово преку Амети Фљорим веднаш израмнија на 1:1. Две минути беа потребни за Пластиновски Нико да постигне гол, а со тоа Енхалон да го врати водството од 2:1.

Во вториот дел Енхалон го зголеми водстовото на 3:1 во 34. минута со втор гол на Мечкароски. Во последната минута од натпреварот Каремани Куштрим постигна гол за конечни 3:2.

Во следното коло Шкендија ќе биде домаќин на Проект – Јосифово, додека Енхалон ќе биде слободен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!