ФудбалФутсал

Енхалон и Проект убедливи, Арбен Бајрами го доби Кеги Моби, реми меѓу Карадаку и Јувентус Серава во меч со 16 погодоци

Третото коло од Првата футсал лига на Македонија донесе многу погодоци и високи победи.

Ехналон на домашен терен со 9:6 го доби дуелот со Железарец запишувајќи ја првата сезонска победа. Херој на мечот и најдобар играч беше Мишо Ѓорѓиески, кој постигна седум погодоци, а по еден гол постигнаа Аднан Агушевски и Нико Пластиновски.

За гостите хет-три постигна Петре Даиловски, а по еден гол постигнаа Марјан Цветковски, Тони Брњарчевски и Дарко Цветковски.

Арбен Бајрами со 5:3 славеше над повратникот Кеги Моби од Велес. Ељјеса Незир беше двоен стрелец како и Берат Марадани, додека пак Харис Омеровиќ беше стрелец на еден гол.

За гостите од Велес двоен стрелец беше Петар Леков, а пак третиот гол постигна во финишот од мечот беше Даниел Стефановски.

Црна Река на домашен терен беше убедливо поразена од фаворитот Проект со високи 3:6. Стрелец на трите погодоци за домашниот тим беше Ѓорѓи Стрезовски, додека пак за гостите од Валандово стрелаа Стефан Димовски, Марио Благојевски, Мирче Стојанов, Раде Ристенски и Дарко Ранготов, додека пак Тони Гацев од домашниот тим си постигна автогол.

Карадаку и Јувентус Серава ремизираа во меч со 16 погодоци и го поделија „пленот“ откако одиграа 8:8.

Даути Куштрим беше стрелец на три погодоци за домашниот тим, двоен стрелец беше Јасир Секири, а по еден гол постигнаа Фатон Нуредини, Сабри Ибиши и Шуајб Мустафи. За гостинскиот тим најдобар беше Кадир Амза со постигнати пет погодоци, Дионис Укшини постигна два погодоци, а пак Амет Бајрам беше стрелец на еден гол.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу новиот прволигаш Форца и актуелниот шампион Шкупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!