ФудбалФутсал

Енхалон го збриша Клими со убедлива победа

Енхалон запиша убедлива победа и со 5:0 го збриша Клими од Кавадарци, во меч од 11. коло од Втората футсал лига.

Првиот гол на натпреварот падна во 12. минута, а стрелец беше Пластиновски Нико. До крајот на првиот дел мрежите мируваа.

По четири минути од стартот на второто полувреме Прќакоски Тони погоди за 2:0. Во 37. минута Пластиновски Нико постигна втор гол за 3:0. Домашната екипа во една минута постигна два гола. Прво погоди Балоски Дарко за 4:0, а Пластиновски со трет гол ги постави конечните 5:0.

Во следното коло Енхалон ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле, додека Клими на домашен терен ќе ја пречека екипата на Проект – Јосифово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!