ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Емини: Клубот ни ги обезбеди сите услови кои ни се потребни, целта е Прва лига!

Голгетерот и капитент на амбициозниот второлигаш Воска Спорт, Изаир Емини вели дека првата фаза од подготовките е завршена професионално, давајќи го максимумот во работата, додава дека клубот ги обезбедил сите услови кои се потребни, а целта е да се обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига.

„Ова е 11-ти ден од нашите подготовки како тим и мислам дека првата фаза ја завршивме професионално, давајќи го максимумот во работата што ни припаѓа како фудбалери. Морам да нагласам и дека клубот ни ги обезбеди сите услови кои ни се потребни, така да, нас не ни преостанува ништо друго освен да се подготвиме како што треба. Да, точно е дека клубот направи неколку добри потези во овој преоден рок. Се надевам дека ќе ни помогнат и сигурен сум дека го имаат вистинскиот квалитет да ни помогнат за време на пролетните првенствени натпревари. Сите новодојдени одлично ги дочекавме, се со цел полесно да се прилагодуват. Можам да кажам дека тие се веќе дел од нашето семејство, додека што се однесува до Арџент Гафури, можам да кажам дека со него многу добро се познаваме и сите ние ги знаеме неговите квалитети, па верувам дека тој ќе биде едно оружје плус за нас, вели Емини и продолжува:

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

„Ќе се подготвиме напорно и ќе се обидеме да го задржиме ова темпо што го имавме досега. И со новите засилувања кои ни дојдоа, се надевам дека сме на добар пат. Ние како клуб, почнувајќи од претседателот Нефи Усеини, па се до последниот во Воска Спорт, имаме само една цел, а тоа е пласман во Првата македонска фудбалска лига, без разлика дали тоа ќе го постигнеме преку бараж натпреварот, или пак преку првото место. Велам, тоа е најмалку важно, важно е на крај да ја постигнеме нашата цел.“

Воска Спорт есенската полусезона ја заврши на второто место на табелата во Втората лига – Запад со 32 освоени бодови, девет помалку од лидерот Силекс и три повеќе од третопласираниот Вардар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!