ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Емини: Го одигравме најдобриот натпревар на сезоната, неправедно ни беа поништени два гола

Дербито во Битола меѓу Пелистер и Воска Спорт заврши без победник (1:1) со што „пленот“ беше поделен.

Воска Спорт по овој меч реагираше дека е оштетена со два поништени голови, а капитенот Изаир Емини, кој со гол во 95. минута обезбеди бод за охриѓани вели дека го одиграле најдобриот натпревар оваа сезона, но неправедно им биле поништени два гола.

“Нормално е дека очекувавме да биде тежок натпревар, но искрено можам да кажам дека доминиравме против екипата на Пелистер во секој аспект. Како се одвиваа работите до крајот, лично не сум задоволен со резултат, бидејќи постигнавме три гола, но сите беа поништени од судијата, два неправедно би рекол. Како и да е, мислам дека го одигравме најдобриот натпревар досега, но мора да одиме напред бидејќи првенството е долго, само треба да играме како денес, мислам дека нема резултатите нема да изостанат“, рече Емини.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!