Футсал

Ељјеса Незир ново засилување за футсал тимот Арбен Бајрами

Македонскиот футсал прволигаш Арбен Бајрами за новата сезона се засили со Ељјеса Незир, откако го обезбеди потписот на одличниот голгетер.

Незир во Арбен Бајрами доаѓа од редовите на шампионот Шкупи и ќе биде капитално засилување, со што Арбен Бајрами создава тим кој сезонава сериозно ќе конкурира во домашното првенство.

Во својата кариера 26-годишикот има настапувано во австриското првество, а свои настапи има и за екипите на Пришитна (Косово) и Тирана (Албанија).

Незир има две титули од македонското првенство, како и една титула од Купот на Косово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!