ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Eксклузивно: Прволигашко засилување за Осогово, Спасов доаѓа во Кочани!

Осогово со прволигашко засилување за пролетната полусезона од Втората лига – Исток, во Кочани пристига Никола Спасов од Беласица, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Младиот 20-годишен фудбалер утре и официјално ќе биде промовиран во кочанскиот клуб. Новото засилување на Осогово игра на позиција заден везен, а во својата кариера бил дел од екипите на струмичка Тиверија и прволигашите Академија Пандев и Беласица од каде и доаѓа во редовите на Осогово.

Кочанскиот второлигаш претходно се засили со голманот Матеј Андонов, Благој Истатов, Христијан Коцев и Александар Поповски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!