ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ЕКСКЛУЗИВНО: Борец се засилува со играч од Мексико, во Велес доаѓа и младиот Златевски

Велешки Борец се засилува со 24-годишниот Мексиканец Новело Медина Омар Антонио за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

Како што дознава Спортска Мрежа трансферот е реализиран во текот на денешниот ден, а во следните денови Борец треба и официјално да го претстави Мексиканецот. Трансферот го реализираше „Eagle Football Agency“ чијшто сопственик е Србинот Стефан Ристиќ- на македонската јавност познат кога беше тренер на Питу Гули кога се натпреваруваше во Втората лига – Исток. 24-годишникот настапува како везен играч и со своето искуство треба да му помогне на Борец во осварувањето на целите во пролетниот дел.

Покрај Омар Антонио во Велес пристига и Александар Златев, кој доаѓа од редовите на второлигашот Братство од Житоше, а во својата кариера има настапувано во Росоман, Питу Гули и младинските категории на Академија Пандев.

Колку за потсетување, тренер на 20-годишниот Златев додека настапуваше во редовите на Питу Гули му беше токму Стефан Ристиќ.

Целта на Борец ќе биде да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!