ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Екс-вардарецот Али Адем го засили Шкупи (ФОТО)

Шкупи за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига донесе квалитетно засилување и се засилува со екс-вардарецот Али Адем.

20-годишниот Адем ќе биде сериозно засилување за клубот од Чаир кој се бори за шампионска титула во домашното првенство, а младиот и искусен фудбалер на Чаир доаѓа на позајмица од солунски Арис до крајот на сезоната.

„Несомнено сум многу среќен што дојдов во клубот со голема традиција во нашата земја и регионот. Секако, моето доаѓање во овој клуб е поврзано и со моите амбиции, да му помогнам на клубот да стигне до шампионската титула и да успее во Европа. Се надевам дека многу брзо ќе се прилагодам на ова големо семејство, имајќи предвид дека во минатото играв заедно со Јакуп Бериша, Бесар Исен и Матеј Цветановски. Посакувам да станеме шампиони и да ја вратиме титулата на Чаир, која недостасуваше толку долго“, рече Адем.

Адем веќе се приклучи на тимот во Анталија и се подготвува за пролетните предизвици во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!