РакометРакомет - Македонска репрезентација

ЕХФ потврди: Македонија во третиот шешир за ЕП 2022

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија е дел од третиот шешир за претстојното извлекување на групите за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка во период од 13 – 30 Јануари 2022 година.

Извлекувањето на групите за ЕП 2022 ќе се одржи на 06.05.2021 (четврток) во 17:00 часот во Будимпешта, со директен пренос на YouTube каналот на ЕХФ, Facebook странaта на ЕХФ или на или на EHFTV.

Вкупно 24 репрезентации ќе учествуваат на ЕП 2022, а пред извлекувањето репрезентациите се поделени во 4 шешири.

Шешир 1 – Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија;
Шешир 2 – Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија;
Шешир 3 – Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција, Македонија;
Шешир 4 – Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Босна и Херцеговина, Литванија.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!