Европски ФудбалФудбал

Един Џеко и Марсело следната сезона заедно ја напаѓаат титулата !?

Според турските медиуми, Един Џеко и Марсело наскоро би можеле да станат соиграчи. Фенербахче планира напад на титулата следната сезона, а ги гледаат Един Џеко и левиот бек Марсело како совршени засилувања.

Марсело е 33-годишен лев бек кој го загуби местото во стартната постава на Реал оваа сезона, стартувајќи само 19 натпревари, а 16 од нив во Примера. Иако неговиот договор трае до 2022 година, Марсело е отворен за преговори со цел повторно да добие можност да игра во првиот тим.

Од друга страна, ситуацијата со Џеко е малку поинаква бидејќи сето тоа зависи од тоа што ќе стори Мурињо. Португалецот е нов тренер на „волчицата“, а тој се уште нема решено што да прави со напаѓач. Ако одлучи дека не му треба, следната дестинација на Един може да биде Турција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!