Европски ФудбалФудбал

Еден Азар би можел да се врати во Челси ова лето, но Реал постави превисока цена

Еден Азар не е истиот играч откако дојде во Реал Мадрид од Челси, а тој пад трае со години.

Врвот на кариерата на Белгиецот одамна помина и сега Азар е во опаѓање, а „кралскиот клуб“ сака да се ослободи од него.

Само пет гола во дресот на Реал, игри недостојни за фудбалер за кого е платено 100.000.000 евра и незадоволство на навивачите на мадридскиот гигант со смеа на теренот на „Стемфорд Бриџ“ веднаш по елиминацијата од Лигата на шампионите го донесе Белгиецот на излезните врати од Реал.

Така, Азар може да се врати во Лондон ова лето, бидејќи неговите менаџери предложија тој повторно да биде ангажиран во Челси, каде се здоби со голема слава.

Сепак, Реал бара прилично голема отштета од 60 милиони евра, која Челси сигурно нема да ја плати, а треба да се земе предвид и политиката на „сините“, кои не сакаат да доведат играчи на возраст над 30 години.

Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива понатаму и дали Азар ќе се врати во Челси.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!