ФудбалФутсал

Два натпревари завршија без победник, Проект со 12 гола го декласираше тимот на Форца

Проект ја забележа најубедливата победа во новата сезона од Првата футсал лига на Македонија, откако на домашен терен со 12:0 го збриша новиот прволигаш Форца.

Без сериозни проблеми беше совладата екипата на Форца во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, каде Дарко Ранготов постигна хет-трик, а Кристијан Гавровски, Стефан Димовски и Александар Михајлов беа двојни стрелци, додека пак во листата на стрелци со по еден гол се впишаа Мирче Стојанов и Трајче Трајков.

Железарец и Карадаку одигра одличен меч со многу погодоци, но на крај мораа да се задоволат само со бод, откако двете екипи ремизираа играјќи 3:3. Стрелци за домашниот тим беа Давид Блажевски, Мирко Богески и Петре Даиловски, додека пак за гостите стрелаа Сами Аљиљи, Шуајб Мустафи и Јасир Зекири.

И на мечот меѓу Јувентус Серава и Црна Река одигран на Чаир немаше победник, а „пленот“ беше поделен. Двете екипи одиграа 2:2. За домашниот тим стрелаа Енез Јусуфи и Кадир Амза, а пак за гостите од Кавадарци стрелци беа Видан Станоев и Зоран Павлов.

Вчера, Кеги Моби со 6:1 славеше над Енхалон, а пак Шкупи го загуби дербито од Арбен Бајрами со 4:5.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!