Душан Трифковиќ е нов десен бек на Бутел

Српскиот интернационалец Душан Трифковиќ е нов десен бек на Бутел Скопје, откако потпиша договор до крајот на оваа сезона. Трифковиќ доаѓа во Скопје од романската Решица.
Трифковиќ има 29 години и потекнува од тимот на Инџија. Во кариерата има настапувано за романските Сучеава и Решица, пред да замине во францускиот Нанси, од каде се враќа во Србија и го носи дресот на Војводина. Со српскиот шампион играше во СЕХА лигата и во европските купови, а во сезоната 2018/19 настапуваше за турскиот Беледије. Минатата сезона се врати во романската Решица, но овој тим доживеа финансиски колапс.
Единствениот мотив што доаѓам во Бутел Скопје се амбициите на клубот за борбата за самиот врв на македонското првенство и излез во Европа. За Бутел слушнав само убави зборови, знам дека е многу добро организиран клуб. Се уште не ги познавам соиграчите, но знам дека можеме да се бориме за високите позиции во Суперлигата“, вели Трифковиќ.
Од клубот велат дека во следните денови ќе бидат промовирано уште неколку засилувања пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
оментари