ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дуелот меѓу Велешта и Силекс вторпат одложен, лидерот од Кратово пред службена победа !?

Како што објави Спортска Мрежа теренот во Велешта е вистинска ораница и нема никакви услови за игра, па поради тоа дуелот меѓу Велешта и Силекс по вторпат е одложен. Првиот пат во саботата поради обилните врнежи од снег, а сега поради катастрофалната состобја со истиот.

Двете екипи се појавија на теренот, а официјалните лица констатираа дека нема основни услови за игра. На дел од теренот сè уште има снег, а поголем дел од истиот е со кал што ги прави условите невозможни за фудбал.

Поради ваквата состојба Силекс во моментот тргна на пат кон Кратово, што е многу веројатно дека овој натпревар ќе го добие со службен резултат и службени три бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!