Куп на МакедонијаФудбал

Дуелот меѓу Победа и Македонија ЃП во Купот е одложен

Денешниот дуел од Купот меѓу прволигашите Победа и Македонија Ѓорче Петров нема да се одигра и истиот е одложен за 19. октомври.

Причината поради која овој меч е одложен е настапот на младинците на Победа на денешниот натпревар со Колерејн во младинската Лига на шампиони. Неколку играчи од првиот тим на Победа ќе настапат за младинците, па поради тоа Победа побара да се одложен Куп-натпреварот со „лавовите“ од Ѓорче.

Првиот дуел меѓу Колерејн и Победа заврши со триумф за екипата од Северна Ирска, која со 3:2 беше подобар противник од македонскиот тим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!