Дуел на Детонит Плачковица и Вардар, во Велес соочување за први бодови, Караорман сака триумф против Беласица

Денес со почеток од 16:00 часот се играат натпреварите од 3. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Дуел на непоразените Детонит Плачковица и Вардар ќе се одигра во Радовиш, каде трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи. Радовишани изминатите денови комплетно ја реконструираа едната трибина, како и помошните кабини, со што се очекува денес и двете трибини да бидат полни со навивачи кои ќе дадат максимална поддршка за домашниот состав во дуелот со најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Детонит Плачковица поради подобрата гол разлика е на второто место на табелата со максимални 6 бодови, додека пак Вардар, исто така, со 6 бодови е трет.
Во Чегране, исто така, се очекува интересна пресметка помеѓу новиот второлигаш Арсими и Пелистер. Битолчани во новата сезона влегуваа со единствена цел, кам-бек во елитата, а за таа цел денес мора да се вратат дома со целиот „плен“. Арсими во претходното коло забележа триумф во Гевгелија над Кожуф и тоа е повеќе од силен мотив, како и домашната публика за освојување на целиот „плен“ против еден од фаворитите за Прва лига.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Дуелот меѓу Гостивар и Беса од Добри Дол до последен момент „висеше во воздух“ бидејќи во таборот на Гостивар владееше вистински хаос, бидејќи изминатите денови се шпекулираше дека клубот ќе остане без турските инвеститори и тренерот, но сепак, се случи пресврт на задоволство на навивачите. Турските инвеститори и тренерот Октај Дереиоглу остануват во Гостивар. Се останува според првичниот план, само ќе има мали промени во управата. Гостивар важи за еден од фаворитите за Прва лига.
„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи
Борец и Тетекс катастрофално ја започнаа новата сезона и се наоѓаат на дното од табелата без бодови. Па така, денес во Велес ќе гледаме дуел за освојување на први бодови. Двете екипи имаат силен притисок за трите бодови, со оглед на фактот дека многу веројатно и велешани и тетовчани ќе водат борба за опстанок во второлигашкото друштво.
Каменица Саса на домашен терен ќе го пречека непоразениот лидер Воска Спорт, во меч каде домаќинот ќе води борба за први бодови, а пак охриѓани сакаат продолжување на победничката низа.
Воска во новата сезона е една од фаворитите за место во елитата, додека пак Саса која минатата сезона одигра одлична сезона, на стартот од новата сезона нанижа два порази, а веќе денес ќе има шанса да го поправи лошиот впечаток.
Караорман денес ќе се соочи со струмичка Беласица и ќе бара прв сезонски триумф. Стружани кои се вратија во Втора лига по повеќе од една деценија сезоната ја отворија со пораз од Воска Спорт на домашен терен, а пак во Виница останаа непоразени каде одиграа „нула“ со Слога и го обезбедија првиот бод. Беласица по поразот во Радовиш од Детонит Плачковица брзо се созема и до врв ја наполни мрежата на Борец на домашен терен, па така силно мотивирани струмичани ќе бараат триумф и во Струга.
Lounge бар „Connect“ – срцето на Охрид, место за највкусно кафе
Локомотива Пехчево ќе биде домаќин на Слога од Виница, во меч каде трите бодови за домашниот тим се повеќе од важни. Домаќинот сезоната ја отвори со два порази, додека пак виничани продолжија со одличните игри од минатата сезона, откако на стартот од сезоната триумфираа над Борец, а потоа одиграа реми со Караорман на домашен терен.
Катамаран „Potpes Crusing“ ви нуди најубаво и уникатно крстарење по Охридското Езеро
На „Билјанини Извори“ ќе гледаме соочување на Охрид и Кожуф од Гевгелија. Охриѓани одлично тргнаа во новата сезона со голем триумф над Тетекс, но потоа во следното коло забележаа пораз од Вардар. Веќе денес ќе имаат шанса за враќање на победничките патеки против Кожуф, кој, иако засилен, на стартот од новата сезона нанижа два порази и без бодови се наоѓа на дното од табелата.
- Цела табела од Втора лига:
