ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дуел меѓу Камјани и Врапчиште, Аресими домаќин на Напредок

Утре со воведниот дуел меѓу Зајази и Речица стартува 11. коло од Третата лига – Запад.

Зајази на домашен терен ќе ја пречека екипата на Речица. Според формата гостинот ќе биде благ фаворит на утрешниот натпревар, а мотивот и победата за три бодови ќе бидат големи, бидејќи Речица со евентуална победа ќе ја намали разликата со лидерот Беса на само пет бодови и ќе остане во сериозна трка за првото место. Зајази го има домашниот терен на својата страна и ќе се обиде да запише четврта сезонска радост.

Во недела се игра дербито меѓу Врапчиште и Камјани. Двете екипи се една под друга на табелата, Камјани ја држи четвртата позиција, додека Врапчиште е едно место подолу, а бодовната разлика меѓу нив е само еден бод. Со сигурност ќе има неизвесен натпревар и голема борба за победа. Натпреварот ќе го суди искусниот Исмаили Музафер, а ќе му помагаат Јовчевски Дарко и Абази Имран.

Трабзонспорт ќе биде домаќин на екипата на Нераште. Двете екипи се под императив за победа.

Аресими на домашен терен ќе се соочи со Напредок од Кичево. Формата го прави Аресими да биде голем фаворит на домашен терен, а со оглед на фактот дека екипата води тесна трка со Беса за првото место и промоција во Втора лига – Запад, сигурно дека ќе биде максимално мотивирана за трите бодови.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Љуботен ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Пролетер. Домаќинот во недела ќе биде голем фаворит, а доколку биде оправдата улогата на фаворит ќе има можност за прогрес од три места на табелата. Пролетер во минатото коло го запиша првиот бод, откако на домашен терен одигра 2:2 со Трабзонспорт, а во недела ќе треба повеќе одлична игра, но и спортска среќа со надеж за изненадување и бодови кои ќе го остават во игра за опстанок.

Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот, а натпреварот меѓу Љуботен и Пролетер ќе започне еден час порано.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!