РакометРакомет - Суперлига

Дрогришки: За нас голем плус е пласманот во плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за плеј-офот. Денес тренерот Александар Јовиќ го имаше првиот собир со младите пелистерци.

Ракометарот Стефан Дрогришки вели дека за нив голем плус е пласманот во плеј-офот.

„За нас голем плус е пласманот во плеј-офот. Натпреварите ќе ни дозволат да растеме како играчи. Јас сум можеби поискусен, но има и млади ракометари на кои овие дуели ќе им бидат од големо значање за понатамошен развој.Мислам дека овој тим има капацитет да се натпреварува со најдобрите екипи. Треба да работиме во подобрување на некои сегменти со што би биле подобар противник за нив. За нас е задоволство и уживање да се натпреварување со екипи како Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, кои се во врвот на европскиот ракомет“, вели Дрогришки.

Еурофарм Пелистер 2 плеј-офот го отвара на гостински терен против поранешниот европски првак Вардар, а во последното коло ќе игра исто така на гостински терен против екипата на Бутел.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!