Дрогришки: Го заслужуваме местото во плеј-оф, заслужуваме да бидеме дел од македонската елита!
Еурофрм Пелистер 2 денес го игра најважниот дуел за оваа сезона, натпреварот од Прилеп кој ќе го одлучи последниот патник во плеј-офот. За битолчани реми или победа над Прилеп ќе значи плеј-оф.
Ракометарот на Стефан Дрогришки даде свој коментар пред стартот на пелагониското дерби.
„Мислам дека го заслужуваме местото во плеј-офот и по се она што досега го имаме прикажано со нашите игри, заслужуваме да бидеме дел од таа македонската елита. Тоа се нашите поставени цели уште од самиот почеток за коишто работиме и тежнееме да ги оствариме, така да мислам дека треба да го потврдиме тоа на натпревар со Прилеп“, вели Дрогришки и додава:
„Прилеп претставува една исклучителна екипа предводена од Кузманоски кој се покажа како одличен тренер. Имаат предводник во името на Чантурија, кој исто така важи за еден од долгогодишните играчи кои високо котираат во македонската лига. Така да, јас мислам дека не очекува еден натпревар кој ќе биде полн со тактички надмудрувања, а од наша страна можам да ветам максимална борбеност и се надевам дека ќе ја оствариме нашата цел“, изјави Дрогришки пред денешниот натпревар со Прилеп.
Натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 се игра денес со почеток од 17:00 часот.