ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дрита со победа над Кораб во Дебар, супер-дербито во Велешта без победник

Дрита го направи најголемото изненадување во 16. коло од Втората лига – Запад, откако на гостински терен во Дебар со 2:3 славеше над Кораб и дојде до прва сезонска радост. Одличен натпревар на гостите кој заслужено дојдоа до три бодови во битката за опстанок во Втората лига – Запад.

Супер-дербито меѓу Велешта и Скопје заврши нерешено без голови. Уште еднаш се потврди дека теренот во Велешта е тежок за освојување, а тоа го осети и лидерот Скопје кој дома си оди со голем бод од тешкото гостување. Велешта игра фантастична сезона, а денешниот резултат е голема потврда за тоа, бидејќи и првиот меѓусебен дуел на овие две екипи заврши со нерешен резултат 1:1.

Охрид запиша победа на „Билјанини Извори“ со 2:1 над Кадино, со двата гола на Шериф Реџепи постигнати во последните три минути од првиот дел. Победата е повеќе од заслужа бидејќи охриѓани од 7. минута играа со играч помалку, откако Бакулески заработи директен црвен картон. Охрид одигра фантастична есен, а денешната победа е потврда токму за тоа.

Гостивар со минимални 1:0 славеше над Велазерими на домашен терен и ќе преземи на делба на второто место, кое носи бараж за промоција во ПМФЛ.

Колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Тетекс и Вардар Форино.

Скопје со 37 бодови е есенски шампион во Втората лига – Запад, седум помалку имаат Велешта и Гостивар кои се на делба на втората позиција, со 28 бодови е четвртопласираниот Охрид. На долниот дел се Тетекс и Дрита со по 10 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!