ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Дрита се засили со Лескароски и со уште четворица фудбалери

Второлигашот Дрита официјализираше дури пет засилувања за пролетниот дел од Втората лига – Запад.
Најголемо засилување за Дрита е дефанзивецот Дејан Лескароски кој настапуваше во Вардар Форино, а клубот од Боговиње се засили и со Шпенд Асани, Амир Јашар, Куштрим Таири и Валон Зеќири.
Претходно Дрита се раздели со искусниот напаѓач и поранешен репрезентативец на Македонија, Зоран Балдовалиев.
Дрита одигра лоша есен и во пролетниот дел ја очекува тешка битка во борбата за опстанок во Втора лига – Запад, бидејќи полусезоната ја заврши на последното место со 10 освоени бодови.