ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Дрита ремизираше на денешниот тест со Јагодина

Второлигашот Дрита од Боговиње денес ремизираше со српска Јагодина играјќи 2:2 во третиот контролен натпревар.
Дрита прва дојде до водство во 41. минута преку Бесарт Реџепи кој постигна гол од пенал. Во вториот дел српскиот тим во 51. минута израмни на 1:1, а пет минути пред крајот на натпреварот и го сврте резултатот на 1:2.
Во судиското продолжение Дрита преку Бесарт Абази успеа да израмни на 2:2 и да остане непоразена.
Дрита до крајот на подготовките ќе одигра уште еден контролен со Слога од Виница. Клубот од Боговиње до крајот на подготовките може дополнително да договорите уште некој контролен натпревар.