Дрита и Гостивар ремизираа со по четири погодоци, Кораб и Велазерими ги поделија бодовите

Денес беа одиграни двата одложени натпревари со што се комплетираше 20. коло од Втората лига – Запад.
Кораб 0:0 Велазерими
Кораб на домашен терен одигра реми без погодоци со екипата на Велазерими. Домашната екипа останува на петтото место на табелата, додека Велазерими после три натпревари конечно запиша еден бод, но останува на шестото место на табелата и ја продолжува борбата за сигурен опстанок.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Дрита 2:2 Гостивар
Дрита во финишот постигна гол и дојде до значаен бод со фаворитот Гостивар во борбаа за опстанок, откако на домашен терен одигра 2:2.
Гостивар дојде прв до водство во 20. минута со гол на Лимани Хакан. Одличната игра на гостинот продолжи и во 38. со гол на Гаши Генц водството се зголеми на 0:2. Во вториот дел Дрита заигра подобро и во 59. минута намали на 1:2. Кога се мислеше дека бодовите ќе заминат во Гостивар, домаќинот преку нововлезениот Алији Амир ги постави конечниот 2:2.