ФудбалФутсал

Драматичен футсал меч во Кавадарци: Јувентус Серава со голема победа над Црна Река

Денес се одиграа двата воведни натпревари од 13. коло од Првата футсал лига.

Црна Река на домашен терен загуби од Јувентус Серава со 7:9. Домаќините први го отворија резултатот во 2. минута преку Станоев. Салиевски со гол во 5. минута израмни на 1:1. Одличната игра на Црна Река продолжи и преку Мехмединовиќ го врати водството на 2:1. Мицев во 11. минута зголеми на 3:1, а гостите преку Шабани намалија на 3:2. Пред крајот на првиот дел Османи постигна гол за 3:3 на полувреме.

Вториот дел донесе голема неизвесност и борба за три бодови до самиот крај. Црна Река повторно прва дојде до водство преку Мехмединовиќ, а со два брзи голови во 24. минута водството се зголеми на 6:3, со погодоци на Мицев и трет гол на Мехмединовиќ. Негативата од три гола го вклучи алармот кај гостинската екипа, која веднаш со гол на Укшини намали на 6:4, но Црна Рекла преку Мицев повторно зголеми на 7:4 во 28. минута од натпреварот.

Последните десет минути од натпреварот беа одлучувачки. Укшини со нов гол намали на 7:5, а со два брзи гола на Шабани резултатот беше 7:7 до 30. минута од натпреварот во Кавадарци. Салиевски со два гола во 32. и 35. минута го сврте резултатот на конечни 7:9 и голема победа за Јувентус Серава.

Во следното коло Црна Река гостува во Скопје кај Железарец, додека Јувентус Серава ќе биде домаќин на Астибо, каде домаќинот ќе биде апсолутен фаворит за победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!