
Струшкиот футсал второлигаш Енхалон запиша голема победа во Тетово од 2:4 над СЕЕ Университи во натпревар од 6. коло од Втората футсал лига.
Домаќинот до 7. минута од натпреварот имаше водство од 2:0, а двоен стрелец беше Мемеди. Пред крајот на првиот дел Балоски постигна гол и намали на 2:1.
Во второто полувреме Енхалон беше далеку подобар. Во 28. минута гостите преку Пластиновски израмнија на 2:2, а натпреварот беше решен во последните две минути. Во 39. минута Цаноски постигна гол за 2:3, додека Мечкароски во последните секунди погоди за конечните 2:4.
Во следното Енхалон ќе игра дерби со Велешта, додека СЕЕ Университи ќе гостува во Валандово кај Проект – Јосифово.