Европски ФудбалФудбал

Дома, сепак, најубаво е: Јанг се врати во Астон Вила

Левиот бек Ешли Јанг реши да гo напушти Апенинскиот полуостровот и шампионот Интер и да се врати во Астон Вила.

Детето на Ватфорд дојде во Астон Вила во 2007 година на 22-годишна возраст и остана во Бирмингем до 2011. Во тие четири години, тој одигра 190 натпревари и постигна 38 гола, што е најдобар голгетерски учинок во неговата кариера.

Сепак, тој играше практично како лево крило во Вила, а кога се пресели во Манчестер Јунајтед во 2011 година, се профилираше како лев бек. Тој остана на „Олд Трафорд“ цели девет години и учествуваше во освојувањето на последната титула во Премиер лигата на клубот во 2013 година, како и една ФА, еден лига Куп, една Комјунити Шилд и една Лига Европа. А, тој беше и капитен на „црвените ѓаволи“.

Последните две години ги помина во Интер, со кого ја освои титулата оваа сезона, прва за „нероазурите“ по 11 години.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!