ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Доколку сезоната во Трета лига биде прекината, еве кои екипи ќе бидат нови второлигаши!

Третата фудбалска лига во моментот е во прекин и сè уште нема официјални информации дали и кога би продолжила истата.
Во случај сезоната кај третолигашите да биде прекината тогаш моменталните првопласирани екипи ќе обезбедат второлигашки статус.
Втора лига – Исток:
- Детонит во моментот е прв на табелата во Третата лига – Исток и ќе обезбеди учество во ВМФЛ – Исток.
- Локомотива Градско во моментот е лидер на табелата во Третата лига – Југ и на тој начин обезбедува учество во ВМФЛ – Исток.
Втора лига – Запад.
- Воска е лидер на табелата во Третата лига – Југозапад.
- Беса е лидер на табелата во Третата лига – Запад.
- Фортуна во моментот е лидер на табелата во Третата лига – Север.
Овие три екипи ќе одиграат бараж натпревари со што една екипа ќе биде елиминирана, а две ќе обезбедат пласман во ВМФЛ – Запад.