ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Доколку продолжи Трета лига – Југ само две екипи ќе се борат за Втора лига, еве и кои!

Третите лиги во моментот се одложени на неодрено време и сè уште нема официјални информации дали воопшто ќе продолжат и кога би било евентуалното продолжување.

Што се однесува до Третата лига – Југ каде се одиграни над 75% од натпревари што значи дека доколку не продолжи лигата во тој случај Локомотива од Градско би била нов второлигаш. Меѓутоа, доколку ТМФЛ – Југ продолжи со натпреварите, тогаш две екипи ќе се борат за првото место и пласман во ВМФЛ – Исток, тоа се Локомотива и Братство 07.

Шансите за екипата на Братство 07 за прво место се зголемија откако натпреварот со Дојранско Езеро го доби со службени 3:0 по прифатената жалба.

До крајот на сезоната во Третата лига – Југ има седум кола кои треба да бидат одиграни, а тоа ќе донесе голема возбуда и неизвесноста, бидејќи разликата помеѓу Локомотива и Братство е само 5 бодови. Шампионот во ТМФЛ – Југ најмногу ќе зависи и од меѓусебниот дуел на овие две екипи кој треба да се одигра во рамки на 28. коло.

Останува да почекаме и да видеме следните денови какви би биле одлуките на ФФМ околу Третите лиги, доколку продолжат тогаш ќе гледаме навистина добри натпревари особено од страна на Локомотива и Братство 07 кои на секој натпревар ќе играт како во финале.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!