ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дојранско Езеро со „петарда“ на првиот контролен натпревар против Тиверија

Екипата на Дојранско Езеро со убедлива победа од 5:0 над струмичка Тиверија ги започна контролните натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона од Третата лига – Исток.

Третолигашот од Дојран минатата сезона се натпреваруваше во Третата лига – Југ, а во новата се враќа повторно во третолигашкото друштво на Истокот, каде ќе важи за еден од најсериозните претенденти за врвот, а со тоа и бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Дојранско Езеро подготовките за новата сезона ги започна на 20 јули, а од клубот најавија дека нивните амбиции се сезоната да ја завршат на првото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!