ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дојранско Езеро поднесе жалба: Прекршен е членот 32а од пропозициите за Ковид-19 и правилникот на натпревари

Управниот Одбор на Третата лига – Југ минатиот четврток донесе Одлука со која се потврува дека Локомотива како првопласирана екипата во ТМФЛ – Југ од следната сезона ќе настапува во Втората лига – Исток, додека екипите на Габер, Илинден БС и Дојранско Езеро испаѓаат од лигата и од следната сезона ќе се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига.

Дојранско Езеро веќе поднесе жалба на ова Одлука со образложение дека е прекршен членот 32а од пропозициите за Ковид 19 и правилникот на натпревари.

Член 32а:

  • Доколку последиците од Ковид , наметнат прекин на натпреварувањето а при тоа не се одиграни 50% од натпреварите првенството 2020/21 се поништува, екипите не испаѓаат и не остваруваат пласман во повисок ранг.
  • Доколку последиците од Ковид, наметнат прекин на натпреварувањето а при тоа се одиграни најмалку 75% од натпреварите, првенството 2020/21 ќе се смета за завршено; прворангираната екипа се смета за првак, екипите испаѓаат и обезбедуваат пласман во повисок ранг согласно овие пропозиции.
  • Доколку последиците од Ковид, наметнат прекин на натпреварувањето а при тоа се одиграни повеќе од 50% а помалку од 75 % од натпреварите, Комисијата за натпревари ја „замрзнува“ табелата заклучно со последното одиграно коло пред прекинот. Екипите не испаѓаат и обезбедуваат пласман во повисок ранг согласно овие Пропозиции.
  • За оние екипи кои имаат ист број на бодови а испаѓаат или можат да се стекнат со право да
    натпреваруваат во повисок ранг, исклучокот од член 107 од Правилникот за натпреварувања се
    применува само доколку во моментот на прекин, засегнатите екипи ги имаат одиграно сите
    меѓусебни средби предвидени со Календарот и распоредот на натпреварување.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!