ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дојранско Езеро не знае за пораз од големата тројка во ТМФЛ – Југ, погледнете ги резултатите

На седум кола до крајот во Третата лига – Југ екипата на Локомотива е на врвот од табелата со 51 бод и најверојатно есента ќе игра во Втората лига – Исток. Најблиску до лидерот од Градско е Братство 07 кој со 44 бодови е на второто место, додека екипата на Вардар од Неготино ги загуби сите шанси за било какво изненадување и во моментот со 38 бодови е на четвртата позиција.

Дојранско Езеро одлично ја отвори сезоната и во неколку кола беше лидер на табелата, но поради навлегувањето на Ковид-19 во ова екипа и честите повреди уште во есенскиот дел ги загуби шансите за прво место, а најмногу поради санкцијата од страната на ФФМ за одземање на шест бодови.

Меѓутоа, квалитетот на ова екипа е голем, а потврда за тоа е дека големите фаворити како Локомотива, Братство 07 и Вардар Неготино немаат триумф токму над Дојранско Езеро.

Меѓусебни дуели на Дојранско Езеро и големата тројка:

Дојранско Езеро 2:1 Локомотива
Локомотива 1:2 Дојранско Езеро (натпреварот кој беше доделен службено на домаќинот со 3:0)

Вардар Неготино 1:2 Дојранско Езеро
Дојранско Езеро 3:3 Вардар Неготино

Дојранско Езеро 2:0 Братство
Братство 1:1 Дојранско Езеро

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!