ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дојранско Езеро ја задржа екипата од минатата сезона и дополнително ја засили со пет млади играчи и квалитетен тренер

Дојранско Езеро во новата сезона ќе настапува во Трета лига – Исток со амбиции да заврши на првите три позиции на табелата. Од клубот за Спортска Мрежа велат дека е задржата екипата од минатата сезона, дополнително засилена со пет млади играчи.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Како што велат од клубот за нашиот сајт на тренерското место повратник е Зоран Урдинов, а екипата во понеделникот ги „запали моторите“ со што и официјално беше означен старт на подготовките.

„ФК Дојранско Езеро ја плати котизацијата и ќе учествува во Трета лига – Исток. Екипата почна со подготовки во понеделникот. Во однос на играчкиот фонд сите играчи од последната натпреварувачка сезона ни се на располагање, а имаме и плус пет нови млади квалитетни играчи. Нов голман, играч во одбраната, двајца во средината и еден напаѓач. Немаме во план одигрување на пријателски натпревар бидејќи првенството ќе започне следната недела. Тренерот ни е повратник и голем љубител на фудбалот, професионалец со лиценца кој долги години водел многу екипи во Белгија станува збор за Зоран Урдинов. Целта ни е да завршиме во топ три. Расположението во соблекувалната ни е на високо ниво и фудбалерите со нетрпение го очекуваат стартот на првенството.“

Новата сезона Дојранско Езеро ја започнува на домашен терен со дуелот против Рудар од Пробиштип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!