Европски ФудбалФудбал

Договорен трансфер: Џеко го менува Лукаку

Един Џеко е само чекор до преселба во Интер, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Искусниот напаѓач ги договори условите со шампионот на Италија, а неговиот актуелен клуб Рома нема да му прави проблеми при трансферот, бидејќи не сметаат на него следната сезона, па ќе го пуштат да оди за обештетување од 1,8 милиони евра.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина треба да го замени Ромелу Лукаку, кој се пресели во Челзи.

Џеко треба да потпише двегодишен договор со клубот од Милано, според кој би заработувал 5,5 милиони евра по сезона без бонуси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!