ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Додев: Тимската игра и максималниот ангажман треба да не водат до позитивен резултат и против Скопје

По квалитетното издание на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и ремито без голови со Шкупи, фудбалерите на Брегалница во недела ги очекува гостувањето против Скопје на „Железарница“ во втората рунда натпревари од шампионатот.

Јасно е дека секој натпревар носи своја приказна, поради што избраниците на Марјан Секуловски веќе го забораваат дуелот со Шкупи максимално концентрирајќи се на тоа што ги очекува во Скопје.

Офанзивецот Дарко Додев вели дека единствено со тимска игра може

„Зад нас го оставаме натпреварот со Шкупи и сега целосно се фокусираме на дуелот со Скопје, тим кој во првото коло против Ренова покажа дека е квалитетна екипа која секогаш игра на резултат. Знам дека во Автокоманда тешко се освојуваат бодови, но ако го повториме пристапот и тимската игра од натпреварот со Шкупи сигурно можеме до позитивен резултат“ – вели Додев и дополнува:

„Свесни сме дека во недела ќе биде поразличен натпревар од оној против Шкупи. Не смееме да бидеме ниту најмалку опуштени и мора да го дадеме максимумот уште еднаш за да покажеме дека играта од првиот натпревар оваа сезона ќе биде наше препознатливо лице постојано“.

Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница од 2. коло во ПМФЛ се игра на СРЦ „Железарница“ во недела (15. август) со почеток од 17 часот.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!