Додев: На секој натпревар сакаме постојано да демонстрираме дека сме најдобри во оваа конкуренција

Фудбалерите на Брегалница денеска од 13 часот гостуваат на Плачковица во Радовиш во 22. коло од Втората лига – Исток.
Како и на претходните натпревари, „сините“ и денеска атакуваат на трите бода. Еден од најдобрите фудбалери, Дарко Додев нагласува дека секој во тимот е максимално мотивиран за ново докажување.
„Секако сакаме победа и нови три бода. Играме одлично изминатиов период и секако, чекор по чекор, на прагот сме на Првата лига. Може да кажам дека атмосферата во тимот е навистина одлична, желни сме за нови победи“ – вели Додев.
Брегалница денеска ќе биде без капитенот Ристе Наумов.
„Играме без капитенот Ристе Наумов, но секој поединец во тимот слободно може да кажам дека е мотивиран за максимално надигрување. Огромна е желбата кај секој од нас постојано да докажуваме дека сме најдобри во оваа конкуренција“ – дополнува офанзивецот на Брегалница.