ФудбалФудбал - Четврта Лига

Доброште на стартот од новата сезона однесе висока победа, убедлив беше и Кастриоти, лесно до три бода стигна и Шари

Викендот започна новата сезона од Општинската фудбалска лига – Тетово со натпреварите од 1. коло.

Најубедлива победа однесе Доброште откако на домашен терен со убедливи 9:1 го декласираше составот на Ринија Пршовце. Висока победа на стартот од новата сезона забележа и Кастриоти, кој на гостински терен со 2:7 славеше над Или.

Скендербеу и Пирок одиграа интересен и неизвесен меч каде домаќинот беше подобар со 4:3. Руфеја Милетино со 3:0 беше сигурен над Брвеница, а пак Шари со 4:1 го декласираше составот на Шемшово.

Екипата на Беса со 1:3 запиша триумф на стартот од новата сезона против Мергимтари на гостински терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!