Европски ФудбалФудбал

„Добре дојде дома“ – Роналдо во Јунајтед

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. По целодневната неизвесност, веста ја потврди клубот од „Олд Трафорд“.

„Манчестер Јунајтед со големо задоволство може да потврди дека постигнал договор со Јувентус за трансфер на Кристијано Роналдо, остануваат детали за личните услови, визите и лекарските прегледи. Кристијано е петкратен освојувач на Златната топка, има освоено повеќе од 30 трофеи во текот на неговата кариера, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите, четири светски клупски шампионати, седум титули во Англија, Шпанија и Италија и Европското првенство со Португалија. Во првиот престој во Манчестер Јунајтед, постигна 118 голови на 292 натпревари. Сите во клубот со нетрпение го очекуваат неговото враќање “, се вели во соопштението на Јунајтед.

Се уште нема финансиски детали за трансферот. Неофицијално, се работи за двегодишен договор, а Јунајтед на Јувентус му понуди 25 милиони евра, со бонуси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!