Европски ФудбалФудбал

Доби негативен тест: Еди Хау дебитира против Арсенал

Еди Хау ќе дебитира на клупата на Њукасл на саботниот натпревар со Арсенал, бидејќи во вчера доби негативен тест за коронавирус.

Новиот стратег на „страчките“ го пропушти минатонеделното деби против Брентфорд поради кроната, но во меѓувреме се опорави и нема повеќе пречки да го забележи својот прв натпревар во клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл денес гостува кај Арсенал на „Емирати“ во 13. коло од Премиер лигата. Иако има многу тешка задача пред него, тој има нова можност да ја забележи првата победа во првенството.

Њукасл на претходните 12 натпревари забележа 6 ремија и шест порази, а со шест освоени бода го зазема последното место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!