Европски ФудбалФудбал

Доаѓањето на Инзаги промени сè: Коларов ја продолжи соработката со Интер за уште една година

Поранешниот репрезентативец на Србија, Александар Коларов денес го продолжи договорот со Интер на уште една сезона, односно до 30 јуни 2022 година, објави италијанскиот шампион.

Коларов беше на излезната врата од клубот, минатата сезона играше малку по одлука на тренерот Антонио Конте, а потоа беше „тргнат“ од тимот за да не го исполни автоматскиот бонус за продолжување на договорот.

Сепак, со доаѓањето на тренерот Симоне Инзаги, работите се променија и 35-годишниот поранешен српски капитен ќе остане на стадионот „Џузепе Меаца“ уште една сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!