ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Директна пресметка меѓу Кораб и Тетекс, Силекс гостува кај Гостивар, Охрид кај Вардар

В сабота на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората лига – Запад.

На Градскиот стадион во Дебар во директна пресметка ќе се соочат екипите на Кораб и Тетекс. Домаќинот во новата сезона стартуваше одлично и во моментот е втор на табелата со 13 бодови, пет помалку од непоразениот лидер Силекс. Клучен и важен натпревар и за двете екипи со цел да останат во чекор со лидерот на табелата. Формата и домашниот терен го фаворизираат Кораб пред Тетекс за трите бодови.

Гостивар на домашен терен ќе има тежок натпревар против лидерот Силекс кој доаѓа како непоразен по шест одиграни натпревари. Гостивар лошо ја започна новата сезона и се уште не може да излезе од резултатската криза. Екипата има пет осовени бодови по шест натпревари и ја дели седмата позиција на табелата. Од друга страна, Силекс ќе биде исправен пред сериозен испит дали ќе ја продолжи оваа фантастична серија од шест победи во низа. Евентуална победа за кратовчани ќе значи и чекор поблиску до кам бек во елитата.

Вардар минатото коло конечно го запиша вториот сезонски триумф, откако со убедливи 0:3 славеше над Кадино, а в сабота на домашен терен ќе биде домаќин на Охрид кој во новата сезона е големо разочарување. Формата и домашниот терен го прават Вардар да биде голем фаворит против Охрид кој влезе во длабока резултатска криза и запиша пет последователни порази. Инаку, за време на репрезентативната пауза дојде и до тренерска смена на кормилото кај охриѓани, па така в сабота против најтрофејниот фудбаски клуб во Македонија екипата на Охрид ќе биде предводена од новиот тренер Пепи Џигероски.

Екипата на Воска Спорт на домашен терен ќе ги одмери сили против Кадино, во меч каде охриѓани ќе бидат големи фаворити против гостинот кој во минатото коло беше декласиран од Вардар на домашен терен со убедливи 0:3.

Велешта на домашен терен ќе се соочи со екипата на Беса. Интересно за овој натпревар е тоа што и двете екипи за време на репрезентативната пауза добија нови тренери. Па така, нов кормилар кај Велешта е Гајур Реџеп, додека пак нов кормилар на Беса е Бујар Ислами. Велешта која лани до последно коло се бореше со Охрид за баражот за Прва лига, во новата сезона тргна катастрофално и со 4 бодови е на претпоследното место на табелата, додека пак Беса со седум бодови е надвор од опасната зона односно се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот, а делегирани судии можете да ги погледнете овде.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!