Европски ФудбалФудбал

Динамо Загреб и Торино конечно постигнаа договор: Амер Гојак може да отпатува на подготовките

Амер Гојак, репрезентативец на Босна и Херцеговина, треба да се приклучи на подготовките на Динамо најдоцна утре наутро, откако Торино и хрватскиот шампион ги договорија сите услови во врска со раскинувањето на позајмицата, пишува „Германијак“.

Да потсетиме, репрезентативецот на БиХ требаше да им се придружи на своите соиграчи од Максимир во саботата на подготовките за новата сезона. Сепак, Торино не даде согласност со оглед на тоа што Гојак е нивен играч до 30 јуни кога истекува неговата позајмица.

Сепак на крајот Торино се согласи да го ослободи Гојак пред истекот на рокот, а босанскиот играчот за врска чекаше на исходот од ситуацијата во Сараево. Така, сега Гојак ќе им се придружи на своите соиграчи кои од денес се наоѓаат во Словенија.

Гојак минатата сезона ја помина во Торино, каде беше на позајмица со право на откуп.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!