ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Димовски: Брегалница е спремна за дербито со Детонит, го респектираме противникот, но трите бодови ќе останат во Делчево!

Во недела се игра големото дерби во Третата лига – Исток за прво место и влез во второлигашкото друштво, меѓу двата најголеми претендети Брегалница и Детонит на Градскиот стадион во Делчево.

Спортска Мрежа разговараше со ветеранот на Брегалница Делчево, Горан Димовски кој вели дека во недела дербито ќе биде доста неизвесно, но Брегалница ќе го даде максимумот од себе за трите бодови да останат во Делчево. Атмосферата во клубот е одлична, па тоа ќе биде уште еден мотив плус за Брегалница да одигра одлично.

„Минатиот викенд го одигравме дербито со претендетот за прво место екипата на Овче Поле, им благодариме за одличниот пречек. На овој натпревар имавме за цел да останеме непоразени, имавме одлични шанси за гол и дома да се вратиме со три бодови, но како што кажавме нашата цел беше да останеме непоразени“, вели Димовски за Спортска Мрежа и додава:

„Веќе во недела не’ очекува повторно дерби против Детонит, станува збор за тежок натпревар, квалитетен противник, ние го респектираме противникот. Брегалница е комплетна и во недела ќе излеземе со најсилниот состав и ќе дадеме се од себе трите бодови да останат во Делчево. Атмосферата во клубот е на високо ниво и тоа е уште еден мотив во недела да одигра еден добар натпревар, кој ќе биде доста неизвесен, но штета што ќе се одигра без публика. Очекуваме добра судиска тројка, која ќе суди фер и коректно. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо, па верните навивачи и љубители на фудбалот ќе имаат можност да го следат натпреварот.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!