ФудбалФудбал - Четврта Лига

Димоски постигна пет погодоци, Канатларци и Стрела 21 со убедливи победи

Во рамки на 2. коло од Општинската А1 квалитетна фудбалска лига на Прилеп екипата на Канатларци со убедливи 6:2 славеше над Ултрас. Во овој меч најмногу се истакна Октај Јусуфоски кој постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Мурат Сулејман, Ферат Амедоски и Мехмедали Јусуфосски. За гостите погодоција Влатко Ингилизов и Јовица Обрадовиќ.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Влазними Јуниор со 2:1 славеше над Кадино, а до победта домаќините стигнаа со погодоци на Али Фејзулоски и Бљорент Арифоски. За гостите единствен стрелец беше Николче Неделкоски.

Хаос на мечот меѓу Клепач 2013 и Галичани кој со службен резултат (3:0) го доби домаќинот, иако гостите натпреварот го добија со 0:2. Причина поради која натпреварот беше службено доделен на домаќинот е поради тоа што по завршувањето на натпреварот во кој двоен стрелец беше Сашо Вељаноски домашната екипа побарала идентификација на гостите каде било утврдено дека играчите со број на дрес 13, 4 и 6 не се истите што се на легитимациите.

Во рамки на А2 пак екипата на Кадица со убедлии 4:0 го доби мечот со Гарван Десово. Двоен стрелец во убедливата победа беше Горан Базеркоски, а по еден гол постигнаа Миахил Ѓорѓиоски и Валентин Трајкоски.

Тризла 2008 беше сигурна против Мажучиште со резултат од 3:1. Погодоци за домаќинот ги постигна Мартин Ангелески, Антонио Конески и Виктор Ристески. За гостите единствен стрелец беше Александар Алексоски.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Мукос со убедливи 4:0 го доби Црвена Звезда од Сенокос. Два погодоци постигна Васко Попоски, а по еден погодок постигна Миле Стојчески и Николче Ристески.

Во Општинската Б1 Општинска Квалитетна фудбалска лига Прилеп Сити и Боротино го поделија „пленот“ играјќи 2:2. Домаќинот имаше предност од 2:0 на полувреме со погодоците на Роберто Кулески и Димитар Грозданоски. Во вториот дел гостите преку Антонио Николски и Ице Мантароски обезбедија бод за својата екипа.

Шоу на Кире Димоски на теренот во Мало Коњари со пет погодоци обезбеди убедлива победа од 6:0 за Млекар во дуелот со Пролетер. Покрај Димоски со пет погодоци, стрелец со еден гол беше и Виктор Јованоски.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Стрела 21 со „петарда“ за Пелагонија (5:0). Горан Бозајковски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Влатко Петрески и Зоран Секирски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!