Димитров го сруши Малеш, Овче Поле на „мускули“ го победи Карбинци, три службени бода за Рудар

Чешиново 2015 за првпат сезоната се израдува на триумф и три бодови, откако на домашен терен со минимални 1:0 го доби Малеш од Берово. Стрелец на единствениот победнички гол постигнат во 38. минута беше Драган Димитров.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Овче Поле на домашен терен потешко од очекуваното, на „мускули“ го доби Карбинци во 92. минута од мечот. По мирните мрежи во првите 45 минути, во вториот дел паднаа дури три погодоци.
Дарко Левков во 73. минута од мечот одигран на Градскиот стадион во Свети Николе успеа да ја погоди противничката мрежа за водство од 0:1 за Карбинци и да ја „замолчи“ домашната публика. Радоста на гостите траеше само три минути, кога Филип Митков постигна погодок и го израмни резултатот на 1:1.
Мечот влезе во голема неизвесност, а во судиското надополнување, поточно во 92. минута Марио Панев ја стресе противничката мрежа за конечните 2:1 и голема радост на домашните фудбалери.
Мечот меѓу Рудар и Дојранско Езеро не се одигра бидејќи гостите од Дојран не допатуваа во Пробиштип, па „рударите“ овој меч го добиваат со службени 3:0.
Овче Поле е осамен на врвот од табелата со максимални 18 бодови и чекори кон бараж за влез во Втората фудбалска лига.