ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Димитриевски: Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде!

Македонија во недела го игра првиот натпревар на историското Европско првенство против репрезентацијата на Австрија.

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски вели дека Австрија е противник кој го знаеме многу добро, и дека целта е пласман во следната фаза.

“Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро.“

“Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот.“

“Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво“, вели Димитриевски.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!