ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Димитар Митровски ја засилува Академија Пандев

Димитар Митровски е најново засилување за македонскиот прволигаш Академија Пандев.

22-годишниот играч последно има настапувано за екипата на Спортинг Лисабон, Португалија и ги има поминато сите младински репрезентативни селекции на Македонија.

Митровски игра на позициите крило и офанзивен везен играч. Освен Спортинг Лисабон, претходно има настапувано и за екипите на Ханза Рошток, Магдебург и Работнички.

„Добредојде Димитар и ти посакуваме одлични настапи во дресот на Академија Пандев“, велат од струмичкиот прволигаш.

Академија Пандев претходно се засили со Пепи Горгиев кој во Струмица пристигна од редовите на шампионот на Албанија, екипата на Теута.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!